Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Промени во Барселона.
Екипата на Барса одлучи да направи одредени промени во тимот во текот на сезоната.
На Камп Ноу од наредната сезона ќе играат неколку нови имиња. Меѓу нив е Френки Де Јонг, а наскоро нов член на каталонскиот великан би можел да биде и Матијас Де Лигт, како и Антоан Гризман.
Исто така, ќе има и неколку заминувања, а засега е познато дека двајца дефанзивци нема да го носат дресот на Барселона од наредната сезона.
Клубот одлучи дека нема да ја продолжи соработката со белгискиот штопер, Томас Вермален, кој ќе го напушти Камп Ноу каде што играше четири сезони.
Покрај Вермален, соработка нема да му биде понудена ниту на Џејсон Мурило. Тој во Барселона пристигна како позајмица од Валенсија, но беше одлучено дека неговиот договор нема да се откупи и дека Мурило ќе се врати на Местаља.
Во прашање е останувањето на Самуел Умтити. Францускиот дефанзивец се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, можно е и таму да заврши.
Ако договорот со Де Лигт биде потпишан, Умтити дефинитивно ќе го напушти Камп Ноу, но конечната одлука за овој фудбалер ќе биде донесена многу брзо.
Покрај Де Лигт и Гризман, шпанскиот првак се поврзува и со уште неколку фудбалери. Пред се тоа е српскиот напаѓач Лука Јовиќ со кого Каталонците одамна се во преговори.
Една од целите на Барселона, е да се доведе уште еден лев бек, а овде на сцена би требало да стапи Алберто Морено од Ливерпул.