Две причини зошто Манчестер јунајтед не може да го отпушти Солскјер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер и по поразот од Ливерпул со 0-5 ќе остане на клупата на Манчестер јунајтед, иако многумина очекуваа да добие отказ.

Солскјер неодамна потпиша договор до 2024 година и беше претставен како проект на подолго време, па тренерот ќе има шанса да создаде моќна екипа во годините кои доаѓаат.

Втора причина е тоа што нема решение во моментов. Зинедин Зидан ја одби понудата на „црвените ѓаволи“, зашто чека понуда од Франција.

Јунајтед не сака да им се повтори истата ситуација со Жозе Мурињо, но сепак Португалецот донесе два трофеи, меѓу кои беше и последниот на „Олд Трафорд“ кој го добија во последните четири сезони.

Но, јавноста тврди дека Антонио Конте би бил најдобро решение, зашто тој е роден победник, сепак се поставува прашањето како би функционирал во екипа со Кристијано Роналдо.