Две шпански екипи се борат за потписот на Димитриевски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски има одлични настапи во дресот на Рајо Валјекано, но набрзо би можел да го напушти тимот затоа што има договор до крајот на сезоната.

Новинарот Фабрицио Романо, кој е познат како специјалист за трансфери, објави дека за Димитриевски се заинтересирани две шпански екипи.

Шпанските гиганти Севилја и Вилјареал покажале интерес за Димитриевски и ќе се борат за неговиот потпис.

Македонецот оваа сезона одигра 13 натпревари во Ла Лига, а дури шест пати ја зачува мрежата.