Две ѕвезди на Манчестер сити неизвесни за дербито со Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити има сериозни проблеми пред дербито со Челси во полуфиналето на ФА-купот бидејќи Кевин Де Брајне и Ерлинг Халанд не се сигурни за мечот.

Тренерот Пеп Гвардиола кажа дека двајцата фудбалери почувствувале болка и поради тоа морале предвреме да бидат заменети на дуелот со Реал Мадрид.

„Халанд почувствува болка, најверојатно има проблем со мускул. Кевин Де Брајне го почувствува напорот и тој е изморен, па останува да видиме дали ќе бидат подготвени за Челси“, кажа Гвардиола.

Челси и Манчестер сити ќе се соочат утре од 18.15 часот на „Вембли“.