Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема да може да смета на Еден Азар и Серхио Рамос во следниот период поради повреди.
Белгиецот требаше да се врати на теренот деновиве, но му беше продолжена паузата до крајот на ноември. Додека капитенот на „кралевите“ рано го заврши мечот против Кадиз во Ла Лига, откако го повреди коленото и нема да игра против Шахтјор во Лигата на шампиони.
„Рамос не може нормално да тренира и затоа не сакаме да ризикуваме“, кажа Зидан пред дуелот со Украинците.
Шпанскиот репрезентативец засега не е сигурен ни за претстојното „Ел Класико“, кое е закажано за сабота од 16 часот на „Камп Ноу“.