Двојна грешка на Онана: Јунајтед остана без триумф во 95. минута во Лион (Видео)

Фото: Manchester United/FB

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед пропушти златна шанса да впише победа на гостувањето кај Олимпик Лион, откако прими погодок длабоко во судиското надополнување и мечот заврши без победник – 2:2, во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа.

Францускиот состав прв го отвори резултатот преку Тијаго Алмада, кој во 26. минута упати опасен центаршут што заврши директно во мрежата на Онана. Резултатот го израмни Јоро во финишот на првото полувреме.

„Црвените ѓаволи“ направија пресврт во 88. минута преку Зиркзе, кој со прецизен удар донесе еуфорија кај навивачите на Јунајтед. Сепак, радоста траеше кратко – во последните моменти од натпреварот, Ријан Черки реализираше маестрална акција и го постави конечниот резултат.

Фото: Manchester United/FB