Е. Пелистер ќе се соочи со Рајн-Некар, Металург за противници ги доби Адемар Леон и Висла Плок


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонските екипи во Европската лига, Еурофарм Пелистер и Металург ги добија противниците во групната фаза на денешната ждрепка на ЕХФ во Виена.

Битолскиот тим доби голема конкуренција во групата Д, каде што за противници ќе ги имаат Татабања, Рајн-Некар, дански ГОГ, Кадетен и Тримо.

Металург немаше многу среќа при ждрепката, па доби навистина незгодни противници, а тоа се Адемар Леон, кој е носител во групата, па следат Висла Плок, Чеховски Медведи, Тулуз и Фиверс.

Првите натпревари во Европската лига се играат на 20 октомври, а првите четири тимови од секоја група се пласираат во осминафиналето.