Еден Азар е како забавена снимка! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на тренинг на почетокот на неделата откако ги заршија тестовите на коронавирусот.

Во тренинг-центарот тренира и Еден Азар, кој се рехабилитира од незгодна повреда на зглобот и најверојатно ќе биде подготвен за крајот на сезоната.

Реал Мадрид објави видео од тренинг, а навивачите забележаа како тренира Азар, па многумина го споредија со „забавена снимка“.

Секако, Азар има огромна екплозивност, односно брзина на дриблинг и во вакво издание не е навикнат никој да го гледа, но со оглед на сериозноста на повредата, тој ќе мора да внимава уште некое време.

На Азар ќе му треба уште некое време за да се врати во препознатлива форма по повеќемесечната пауза.