„Еден ден си најдобар, а наредниот си целосно бескорисен“


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Јувентус се мачи да ја освои титулата во Лигата на шампиони, па сезонава беше шокиран од Ајакс и ќе се обиде повторно догодина, а изјава имаше Пауло Дибала, кој кажа што се случува.

Дибала беше главен фудбалер на Јувентус во претходните години, но со пристгнувањето на Кристијано Роналдо, тој падна во втор план и често е на клупата за резервни фудбалери.

„Животот на фудбалерите е чуден. Еден ден си најдобар, а наредниот си целосно бескорисен. Не е лесно да се најде баланс меѓу тоа. На секого тоа му се случува, дури и на шампиони како Меси и Роналдо“, вели Дибала.

Аргентинецот за Јувентус одигра 179 натпревари во четири сезони, па постигна 78 голови, но често се поврзува со заминување од италијанскиот шампион.