Еден фудбалер на Челси ќе биде најголем добитник со доаѓањето на Лампард


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франк Лампард се врати во Челси, откако премиерлигашот го отпушти Грем Потер, па сега легендата на клубот ќе треба да го извлече тимот од кризата.

Лампард ќе остане познат и по тоа што промовираше голем број младинци на Челси во првиот тим, меѓу кои беа Мејсон Маунт и Рис Џејмс.

Маунт не добива шанса во екипата во последно време, а на последните два натпревари не одигра ниту една минута, иако им беше достапен и на Потер и на Бруно Салтор.

Лампард му верува на Маунт, кој го тренираше и во Дерби и кажа што очекува од него во продолжение од сезоната.

„Мејсон секогаш бил фантастичен фудбалер, кој сум го тренирал во Дерби и Челси. Знам дека имаше проблеми со повреди, но ќе дознаам сега во каква форма се наоѓа знам дека може да биде важен фудбалер за Челси“, кажа Лампард.