Еден гол вреден три бода: Асенсио го израдува Реал Мадрид против Гранада 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид продолжи да чекори кон шампионската титула во Ла Лига, откако денеска го запиша 16. триумф во лигата и така ѝ избега на Севиља на шест бодови по 23 кола.

Гранада беше пристоен противник во првото полувреме и се закануваше кон голот на „кралевите“, кои доминираа во вторите 45 минути, а единствениот гол на мечот го постигна Маркос Асенсио во 74. минута.

„Кралскиот клуб“ е прв со 53 бодови на табелата во Ла Лига, по што следи Севиља со 47, Бетис има 40, додека Барселона е четврта со 38 бода, но и еден меч одигран помалку од ривалите.