Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарот на Оклахома сити тандер, Расел Вестбрук се запиша во историјата како единствен кошаркар, кој во три сезони по ред има просек од трипл-дабл.
Вестбрук постигна 19 поени, осум скокови и 15 асистенции, па така стигна до просек на трипл-дабл сезонава, а тоа му помогна на својот тим да победи против Детроит пистонс. Поефикасен од него во мечот беше Пол Џорџ со 30 поени, а кај противниците одличен натпревар одигра Џејк Грифин.
Луд меч беше одигра и во Шарлот, каде што се водеше голема борба до самиот финиш. Најпрво Кавај Ленар на 15 секунди до крајот постигна поени за водство на Торонто, а на три секунди до крајот Џереми Ламб со тројка направи пресврт за триумф за Шарлот.
Останати резултати:
Орландо – Атланта 149-113
Вашингтон – Сан Антоно 112-129
Хјустон – Њујорк 120-96
Индијана – Бостон 97-117
Минесота – Мајами 111-109
Далас – Мемфис 112-122
Финикс – Њу Орлеанс 133-126
Голден Стејт – Кливленд 120-124
Лос Анџелес клиперс – Лос Анџелес лејкерс 117-122