„Еден играч сигурно ќе го напушти Челси“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси и понатака се наоѓаат во Соединетите Американски држави каде што се подготвуваат за новата сезона во Премиер лигата.

Челси одигра неколку пријателски натпревари, но не оствија добар впечаток. Новиот тренер на Сините, Антонио Конте, откри дека сигурно еден играч ќе го напушти Стенфорд Бриџ.

„Диего Коста и понатака е наш играч и нема потреба да зборуваме за тоа. Што се однесува до Квадрадо тој ќе го напушти клубот. Не се вклопува во нашите тактики и му порачавме дека може да замине. Веќе една понуда стигна за овој играч од Италија“, рече Конте.

Англиските медиуми шпекулираат дека колумбискиот фудбалер својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во дресот на Милан.

Што се однесува до Коста кај него ситуацијата е доста компликувана, но се чини дека и тој во ова лето ќе ја промени ситуацијата.