Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација успешно ја потврди својата фаворитска позиција на теренот во Вадуц, отворајќи го квалификациониот циклус за Светското првенство на импресивен начин со победа од 0-3 против Лихтенштајн.
Третиот гол го постигна Бојан Миовски, кој вешто ја искористи извонредната асистенција на младиот бек Бојан Илиевски, изведена со надворешен ефе. Оваа вешта комбинација и голот на напаѓачот од Жирона беа истакнати како едни од најубавите во првото коло на квалификациите.
Може да гласате за ова постигнување ТУКА.