Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Александар Зверев го заврши натпреварувањето веќе во третото коло на турнирот во Хамбург откако доживеа пораз од Александар Милер – 6:3, 4:6, 7:6 (7:5).
И тоа не е единствениот проблем, бидејќи Германецот откри дека е тешко болен и дека дури размислувал да не се појави на теренот.
– Повраќав 37 пати и имав температура од 39,4 степени цела ноќ. Само затоа што овој турнир се игра во мојот роден град, излегов на теренот – изјави Зверев и ги исплаши сите дека нема да се појави на вториот гренд слем од сезоната.
Зверев вели дека се чувствувал ужасно на теренот и прашање е дали ќе се опорави до Ролан Гарос.
Фото: Принтскрин