До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од клучните фудбалери на Шкендија, Решат Рамадани, заработи сериозна повреда на натпреварот меѓу Македонија и Ирска и ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Клубот потврди дека станува збор за скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено, поради што играчот ќе мора да биде подложен на оперативен зафат. Повредата се случила на дуелот во Даблин, а лекарските прегледи покажале дека закрепнувањето ќе трае неколку месеци.
Ова е голем удар за Шкендија, која до крајот на сезоната ќе биде без еден од своите најважни играчи.
Фото: Шкендија
















