Еден од најдобрите фудбалер на Ливерпул ќе паузира до 2024 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се соочува со сериозни проблеми затоа што се повреди еден од неговите најдобри фудбалери за време на репрезентативната пауза.

Енди Робертсон го повреди рамото по дуелот со Унаи Симон на натпреварот меѓу Шпанија и Шкотска и прогнозата е дека ќе паузира до 2024 година.

Клоп кажа дека веќе се подготвени три замени за Робертсон, но предност ќе добие левиот бек од Грција, Костас Цимикас кој ќе игра против Евертон.

Во првиот тим ќе бидат промовирани и младите Лук Чемберс и Калум Сканлон кои ќе бидат дел од екипата барем до враќањето на Робертсон на теренот.