Еден од најдобрите фудбалер на Милан заминува кај Конте?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Тотенхем денеска го промовираше Антонио Конте за нов тренер, а управата веднаш тргна по остварување на неговите желби.

Една од желбите на Конте е фудбалерот на Милан, Франк Кеси, кој има договор до крајот на сезоната со калчолигашот.

Милан се обидува да му ја продолжи соработката, но засега преговорите не одат во најдобар правец, па затоа Тотенхем се обидува да ја искористи ситуацијата.

Италијанските медиуми веќе објавија дека Тотенхем се договорил со Кеси за договор на четири години со плата од 10 милиони евра, но засега нема официјална потврда за такво нешто.