Еден од најдобрите фудбалери заплака и објави крај: Иниеста замина во пензија (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Завршена е една од најголемите кариери во фудбалската историја – потраја долго, за да можеме доволно да уживаме во играта на Andres Iniesta, според мислењето на многумина најдобриот врскач во овој милениум.

Долгогодишниот шпански репрезентативец со емоционално писмо се прости од активното играње фудбал, а во видеото кое го сподели на социјалните мрежи се гледаат уште некои добро познати лица.

“За мене, фудбалот беше…”, рече Andres Iniesta и тоа е сè што успеа да изговори на почетокот на емотивното видео. Се видеа солзи на лицето на фудбалскиот мајстор какви што денес не постојат, а иако сакаше да ги сокрие, не успеа.

Многу му беше подобро да ја сокрие топката од противничкиот среден ред, па да не можат да ја најдат неколку минути. За тоа како изгледаше на теренот доволно говори фактот дека децата во Шпанија сакаа да бидат ќелави како него!

Luis Enrique ќе каже дека за него Andres Iniesta е исто како она играње на улицата во детските денови, кога мајка ти од прозорец не можеше да те довикне, ни откако паѓа мрак, а топката не се гледа.

Pep Guardiola ќе каже дека Andres Iniesta имаше квалитети кои се најбитните и дека неговите зборови му даваа сила да продолжи натаму со работата.

.