Еден од најдобрите фудбалери во светот сам ѝ се понуди на Барселона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако на Барселона оваа сезона ѝ оди многу добро во нападот, потребни и се нови засилувања, особено играч на позицијата лево крило, а една од најголемите ѕвезди во италијанската Серија А отворено се нуди.

Затоа Барселона „распиша конкурс“ за играч на таа позиција. Постој и еден врвен, можеби и најдобар во светот на таа позиција, кој би со задоволство се преселил на „Камп Ноу“, а се работи за момчето кое и новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим го сака на „Олд Трафорд“.

Станува збор за Квича Кварацхелија, Грузиец кој беше шампион на Италија со Наполи, а и оваа сезона е клучен играч на екипата под Везув. Оваа сезона настапил на 14 натпревари и постигнал пет голови и имал две асистенции.

Барселона секако ќе бара играч на позицијата лево крило, а прашање е дали има финансиска моќ за уште една голема зделка, но секако во нејзина корист е тоа што самиот играч сака да го облече нејзиниот дрес.

Освен тоа, Ханси Флик изјави дека е „презадоволен од актуелниот тим“ и дека „не се неопходни засилувања“, а наводно му рекол на Грузиецот дека сепак треба да биде трпелив, и дека во овој момент е вишок за каталонскиот клуб.