Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед денеска соопшти дека постигнале договор за продолжување на соработката со искусниот голман, Ли Грант.
37 годишниот голман со тоа ќе остане во клубот и следната сезона и ќе фигурира како трет голман на Манчестер Јунајтед.
Паралелно, Грант ги одработува потребните лиценци за тренер, а од клубот веќе му дозволиле да тренира делод младинските категории со цел да се здобие со потребното искуство за да ја понесе „А “ тренерската лиценца.
Инаку, Ли Грант има само два настапи за Манчестер Јунајтед, од кои само еден старт и тоа оваа сезона против тимот на Астана во Лига Европа.