Еден од најплатените тренери потпиша договор со Атлетико Мадрид до 2024!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Диего Симеоне ја освои втората титула со Атлетико Мадрид во Ла Лига и така си заработи нов договор, кој му беше продолжен до 2024 година.

Немаше никакви дилеми за иднината на Симеоне, кој е еден од најплатените тренери во светот, а негова следна цел е освојување на Лигата на шампиони.

Атлетико е во тешка финансиска состојба, па поради тоа треба да биде продаден Саул, а тоа ќе донесе доволни пари за да се купи засилување како Лаутаро Мартинез.

Тоа што е сигурно е дека Симеоне сака Трипие да го испрати во Арсенал како замена за Белерин, а Англичанецот има желба да игра за Манчестер јунајтед.

Како замена за Саул, Атлетико ќе се обиде да го купи Тимуе Бакајоко на кого не смета Челси, иако прва желба останува Де Пол од Удинезе.

Зависи од финансиите, но се споменуваше и Бернардо Силва како засилување, но засега нема конкретен став од тимот од Мадрид.

Од напаѓачи Симеоне ги има Суарез, Кореа и Дембеле, кој е на позајмица од Лион, додека Мората останува во Јувентус.