Еден од најпосакуваните фудбалери во Европа побара трансфер во Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е подготвен да направи одредени промени во екипата во летниот преоден рок за да може да ѝ парира на Барселона идната сезона, откако во оваа речиси го загуби трофејот во Ла Лига.

Раководството на тимот ќе посвети внимание во одбраната, затоа што не се задоволни од настапите на Антонио Рудигер од кој се очекуваше да биде големо засилување со оглед на тоа дека беше „командант“ на одбраната во Челси.

Германскиот медиум „Билд“ објави дека дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол се откажал од идејата да го засили Манчестер сити по дебаклот на неговиот тим поради навредите од навивачите на премиерлигашот, па сега има друга желба.

Гвардиол, наводно, му кажал на својот агент да му обезбеди трансфер во Реал Мадрид, но за тоа „кралевите“ ќе мора да потрошат над 120 милиони евра.