Еден од најталентираните Аргентинци се сели во Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе комплетира неколку трансфери, а се очекува да потпише договор и со аргентинскиот талент Франко Мастантуоно.

Мастантуоно има само 16 години и настапуваше за екипата на Ривер плејт, а во изминатите недели бил на радарот на „кралевите“.

Аргентинецот досега има девет настапи за првиот тим на Ривер, но и со тоа го привлече интересот на себе.

Клаузулата во неговиот договор изнесува 45 милиони евра, а во Мадрид би можел да се пресели дури откако ќе наполни 18 години.