Еден од тренерите не отфрли можност да го води Арсенал: Живеам ден за ден…


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е еден од тренерите кои се сериозни кандидати за испразнетата позиција во Арсенал.

Еспирито Санто даде навистина чудна изјава која може да се протолкува единствено како тој да не ги затвора вратите за евентуален премин на „Емирати“.

„Живееме ден за ден. Јас пак живеам, час за час. Знам што треба да правам следно и знам дека имам се уште работа која треба да ја сработам. Имам договор со Вулверхемптон, но како што реков живеам на дневна база. За мене најважно е да се фокусирам на она што треба да го сторам денес и да се подготвувам за утре, отколку да гледам една недела понапред“ –изјави Еспирито Санто кој одби да отфрли преселба во Арсенал.