Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Англија се изврши нов круг теситрање на коронавирусот на кој беа направени 1.197 тестови.
По тестирањата се покажа дека само едно лице е позитивно на коронавирусот. Иако не е официјално објавено се шпекулира дека лице од Тотенхем е носител на коронавирусот, но се уште не се знае дали станува збор за играч или член на стручен штаб.
„Премиер лигата може да потврди дека меѓу тестовите на играчите и членовите на стручниот штаб направени на 1 и 2 јуни, о д 1.197 тестови еден е позитивен. Лицето кое е позитивно ќе биде во самоизолација во следните седум дена.
Нема да бидат објавени податоци за кој клуб и која личност се работи, а резултатите ќе бидат објавувани по секое тестирање“ –стои во официјалното соопштение од Премиер лигата.