Еден позитивен во новото тестирање во Премиер лигата

Во Англија се изврши нов круг теситрање на коронавирусот на кој беа направени 1.197 тестови.

По тестирањата се покажа дека само едно лице е позитивно на коронавирусот. Иако не е официјално објавено се шпекулира дека лице од Тотенхем е носител на коронавирусот, но се уште не се знае дали станува збор за играч или член на стручен штаб.

„Премиер  лигата може да потврди дека меѓу тестовите на играчите и членовите на стручниот штаб направени на 1 и 2 јуни, о д  1.197 тестови еден е позитивен. Лицето кое е позитивно ќе биде во самоизолација во следните седум дена.

Нема да бидат објавени податоци за кој клуб и која личност се работи, а резултатите ќе бидат објавувани по секое тестирање“ –стои во официјалното соопштение од Премиер лигата.