Едерсон знае кој ќе биде нов селектор на Бразил!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Чуварот на мрежата на Манчестер сити и Бразил, Едерсон најави дека Карло Анчелоти има големи шанси да стане селектор на „кариоките“.

Едерсон на оваа тема разговарал со соиграчите од репрезентацијата, кои се дел од Реал Мадрид, каде што работи Анчелоти во моментов.

„Разговарав со Касемиро, Винисиус и Милитао, големи се шансите Анчелоти да биде селектор на Бразил. Ми кажаа дека тој е посебен тренер. Ќе видиме што ќе се случи“, кажа Едерсон.

Бразил е без селектор откако Тите си замина по Светското првенство во Катар, каде што „кариоките“ не се прославија.