Еди Хау одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со Арсенал и Евертон


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Талентираниот менаџер на Борнмут, Еди Хау се почесто се поврзува со тренерските позиции во големите екипи.

Младиот стратег кој врши одлична работа со малиот Борнмут е мета на Евертон и Вест Хем, а се споменува негово евентуално заминување и во Арсенал.

„Би рекол дека шпекулациите воопшто не ме дефокусираат. Секогаш се оддалечувам од било какви вести кои не се за мојот тим. Секогаш велам дека доколку сум поврзан со друг тим, и моите играчи сеисто така. Нема да трошам време на тоа кој тим бил заинтересиран за мене, среќен сум во Борнмут и се подготвувам за дуелот со Тотенхем“ –изјави Хау.