Един Џеко сеуште е на чекање: Интер не сака да ја плати бараната цена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Един Џеко е сеуште играч на Рома.

Иако тој ги договори сите услови околу трансфер од Рома во Интер, преговорите запреа, бидејќи римскиот тим бара повеќе пари отколку што Нероаѕурите се спремни да платат.

Рома првично бараше 25 милиони евра, но после преговорите одлучиле цената да ја спуштат на 20 милиони. Меѓутоа и тоа е премногу за Интер, кој е спремен да издвои 13 милиони евра за Џеко и не сакаат да ја платат бараната цена, тврди Il Messaggero.

Тимот од Џузепе Меаца пробал да уфрли и помлад играч, но тоа не било занимливо за Рома и за сега нема договор помеѓу двете страни.

Џеко е голем желба на тренерот Антонио Конте. Тој одамна ја исткна оваа желба, но сеуште се е на чекање.