Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралиската кошаркарка Елизабет Лиз Кембриџ нема да учествува на Олимписките игри (ОИ) во Токио. Оваа информација ја соопштија од тимот,а причина е инцидентот во кој била вмешана кошаркарската ѕвезда во Лас Вегас.
Се шпекулира дека кошаркарката предизвикала тепачка и така ги прекршила протоколите на екипата од Лас Вегас.
„ЕСПН“ објави дека Кембриџ за време на еден подготвителен меч имала физичка пресметка, како и жестока вербална размена на зборови со една противничка.
И самата кошаркарка објави на својот профил на Инстаграм дека се повлекува од ОИ во Токио и кажа дека има психички проблеми и напади на паника, па поради тоа не сака да настапи на големото натпреварување.