Една од најголемите ѕвезди веќе е на излезните врати од Реал Мадрид?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Зад сцената на Сантјаго Бернабеу се случуваат работи кои ретко остануваат скриени. Една ѕвезда е под лупа, а незадоволството се веќе и не се крие. Летото би можело да донесе шок каков што не се памети.

Во Реал Мадрид владее привид на мир, но под површината работите се далеку од идеални, барем кога се работи за статусот на Џуде Белингам.

Според информациите од Шпанија, раководството на Кралскиот клуб не е целосно задоволно од неговото однесување, сметајќи дека во одредени моменти повеќе игра за себе отколку за екипата.

Иако Белингам без дилеми е еден од клучните играчи на Реал и лице на нова ера, внатре во клубот сè почесто се зборува за потребата од целосна посветеност на колективот, без исклучоци.

Токму во тој контекст треба да се гледаат гласините кои сè повеќе кружат низ Мадрид, дека Реал би можел веќе ова лето да ја разгледа неговата продажба.

Дополнителен притисок доаѓа од фактот дека Реал Мадрид веќе го осигура враќањето на Нико Паз, младиот аргентински играч од средниот ред кој се враќа од позајмица и кој клубот го гледа како долгорочна инвестиција.

Неговото доаѓање дополнително ја компликува ситуацијата во веќе преполниот среден ред, каде конкуренцијата веќе сега достигнува точка на пукање.

Во таква констелација, во Мадрид сè погласно се шепка дека можеби нема да има место за сите, па ни за Белингам во улогата каква што ја има во моментот.