Еднаш во Реал, засекогаш во Реал: Рамос ги израдува навивачите на поранешниот клуб!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серхио Рамос по 16 години го напушти Реал Мадрид и тоа како слободен фудбалер, а како следна дестинација во кариерата го избра ПСЖ.

По заминување од тимот од Мадрид, чиј капитен беше во последните години, Рамос даде големо интервју во кое зборуваше за неговиот поранешен клуб.

Новинарите ги интересираше дали Рамос би славел гол доколку постигна против своите поранешни соиграчи.

„Не би славел гол против Реал. Тој клуб е мое семејство и е во моето срце. Заслужуваат почит“, вели Рамос.

Едно од прашањата се однесуваше и на можноста за играње во Лига на шампиони (ЛШ) против својот поранешен клуб, каде што ги мина најдобрите години во кариерата.

„Размислувам само за тоа дали во ПСЖ играм на највисоко ниво. Почнувам од нула во новиот тим и ќе дадам максимум. Се чувствувам добро поради предизвиците“, вели 35-годишниот дефанзивец.