ЕХФ го одложи натпреварот меѓу Вардар и Елверум, нашиот клуб испрати експресна реакција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот од второто коло од Лигата на Шампионите меѓу Вардар и Елверум кој требаше да се одигра за три дена е одложен по одлука на ЕХФ.

Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на натпреварот.

По ваквата одлука на европската куќа на ракометот стигна експресна реакција од Вардар од каде бараат одлуката да се ревидира и натпреварот сепак да се одржа.

Одговорот на „црвено црните“ ви го пренесуваме во целост:

Не можеме да влијаеме на одлуките на норвешките власти, но треба да забележиме дека секоја влада обезбедува исклучок за спортските тимови. Ние сме на позиција дека Вардар 1961 не бил еднакво третиран бидејќи ги направивме сите потребни активности за организација на натпреварот, вклучувајќи ги сите стандарди за здравствена безбедност во согласност со упатствата на ЕХФ и на локалната самоуправа, како и изолираната резервација на хотелот само за луѓето од Елверум.

Одложувањето на натпреварот ќе му донесе повеќе проблеми на Вардар 1961 бидејќи сме пред почеток на СЕХА лигата и ќе се соочиме со проблеми во календарот и со натпреварот со Елеверум. Од друга страна, Елверум имаше опција да го одложи својот натпревар во домашното првенство.

Ние би сакале, доколку е можно, одлуката за одложување да се ревидира и натпреварот да се игра според предвиденото.