ЕХФ го суспендираше Драган Начевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го суспендира поранешниот македонски судија, а сега делегат Драган Начевски поради наводно местење натпревари.

Суспензијата на ЕХФ доаѓа по шпекулациите на скандинавските медиуми за наводно местење на натпревари. Данската „ТВ2“ објави аудио и видео снимка за дискусија за местење дуели, а стигнало и обвинување дека Начевски барал од судиите да манипулираат на средбите.

Во соопштението од Европската ракометна федерација се споменува дека Начевски имал состанок со неименуван бизнисмен во 2020 година.

Бизнисменот го убедувал дека може да донесе кинески тим во СЕГА лигата, на тој состанок се зборувало и за местење натпревари. Во соопштението се додава и искузан на неименуван поранешен судија кој тврдел дека Начевски преку трето лице побарал од него да намести натпревари.

Засега обвинувањата не се потврдени и суспензијата доаѓа за зачувувањето на угледот на ЕХФ додека трае истрагата и обидот за покажување нулта толеранција кон местење натпревари.