ЕХФ за Лазаров: Кралот Кирил седна на жешкото столче на Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација доби нов селектор, а тоа е капитенот Кире Лазаров, кој уште е активен ракометар и настапува за Нант.

Лазаров е големо име во светскиот ракомет, а поради тоа Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го одбележи неговото поставување за селектор на Македонија.

„Кире Лазаров има големо влијание во клупските репрезентативните успеси во последните две децении. На клупски план тој освои две титули во Лигата на шампионите и ги освојуваше домашните првенства со Загреб, Веспрем, Сиудад Реал и Барселона. Тој е најдобриот стрелец во ЛШ, на европските и светските првенства. Ја игра последната сезона како активен ракометар. Сега седнува на жешкото столче на репрезентацијата на Македонија и ќе се обиде да направи една нова генерација со младите македонски ракометари“, пишува на сајтот на ЕХФ.

Текстот од ЕХФ може да го прочитате ТУКА.