Екипа на „насилници“: Антони исфрлен од првиот тим на Манчестер јунајтед

Бразилскиот репрезентативец Антони нема да тренира повеќе со Манчестер јунајтед по обвиненијата за насилство врз поранешната девојка.

Екипата од „Олд Трафорд“ објави дека Антони е отстранет од составот до дополнително известување, а Бразилецот потоа се јави со порака дека не е виновен.

Антони претходно беше исфрлен и од бразилската репрезентација поради истата причина и во моментов се води истрага по тешките напади од бившата девојка.

Ова не е првпат во Манчестер јунајтед да се случува вакво нешто бидејќи претходно слично обвинение доби и Мејсон Гринвуд.

Јавноста е поделена по ситуацијата со која се соочи Антони, па голем дел од фановите тврдат дека девојката сака да извлече пари од фудбалерот, додека дел од нив пишуваат дека Јунајтед е „екипа на насилници“.