Екипа од С. Арабија сакала со смешна понуда да го земе Барди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден тим од Саудиска Арабија, чие име засега не се открива, сакал да го ангажира македонскиот репрезентативец Енис Барди, но понудата била одбиена од Трабзонспор.

Турските медиуми пишуваат дека екипата испратила понуда за едногодишна позајмица за која сакале да платат 300.000 евра.

Трабзонспор ќе го продаде Барди само под еден услов, односно четири милиони евра, а досега македонскиот фудбалер се поврзуваше со неколку екипи.

Барди пристигна во Трабзонспор од Леванте за три милиони евра минатото лето.