Екипа од Серија Б сака да се засили со Несторовски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски си оди од Удинезе како слободен фудбалер, а како негова следна дестинација се споменува Каљари, кој од следната сезона ќе игра во Серија Б.

Несторовски привлече интерес и од Лече, но клубот се откажа од негов ангажман. Освен италијанските екипи, интерес постои и од Вотфорд и Обединетите Арапски Емирати.

Новинарот на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио објави дека Каљари е сериозен во намерата да го добие Несторовски, па се очекува да почнат преговори во следниот период.

Несторовски игра во Италија од 2016 година, откако претходно го носеше дресот на хрватски Интер Запрешиќ.