Екипата на Димитриевски падна на дното, па навивачите направија хаос (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот клуб Валенсија падна на дното на Ла Лига по 10 одиграни натпревари, а тоа предизвика револт кај навивачите.

Валенсија загуби во минатото коло од Лас Палмас со 2-3, по што навивачите побараа промена на раководството.

Екипата на македонскиот голман Столе Димитриевски во минатото се бореше за титули, но под водство на бизнисменот Питер Лим се мачи да остане во лигата.