Еклстон: Хамилтон е поголем од Формула


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон е на добар пат да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од седум шампионски титули во Формула 1.

Хамилтон е еден од најдобрите возачи досега, а поранешниот прв човек на Ф1 Берни Еклстоун има само пофални зборови за фантастичниот Британец.

Еклстон отиде чекор подалеку и рече дека Хамилтон е поголем од Формула 1 заради сè што прави надвор од патеките и како ја користи својата популарност.

“Тој е различен. Прва класа. Тој е поголем од Ф1. Нема ништо лошо во тоа да ја имате ваша сопствена модна линија или раперите како пријатели. Мислам дека никој не му дал книга со насоки. “, рече Еклстон за Авто Кар.

Инаку, Хамилтон треба да ја започне трката по својата седма титула во најбрзиот октански циркус на почетокот на јули, кога е предвидено да се одржи трката за Големата награда на Австрија.