Еклстон: Јас да сум на место на Фетел, не би возел пак за врвен тим!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Берни Еклстон зборуваше за следниот чекор, кој треба да го направи Себастијан Фетел, кој ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната, а веќе почна да се шпекулира и за негов следен ангажман.

Ферари најави дека ќе се раздели со Фетел на крајот на сезоната, а на негово место најверојатно ќе го ангажира младиот Карлос Саинц, кој е талентиран возач.

„Јас да сум на место на Фетел, нема да одам во врвен тим, туку ќе се обидам да работам со други луѓе. Не гледам причина зошто Фетел треба да вози за Мерцедес. Треба да почне да вози во тим кој допрва ќе се гради. Тоа би било одлично за него, исто како кога почна со Ред Бул“, кажа Еклстон.