Eкс-холандски репрезентативец заврши во затвор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Руските медиуми објавија дека Квинси Промес бил уапсен во Дубаи, и тоа при враќање од подготовките со остатокот од тимот.

Екс-холандскиот репрезентативец е осуден на затворска казна, а бил приведен од полицијата во Дубаи.

Пред неколку дена беше потврдена затворската казна за Промес од шест години поради учество во шверц на голема количина на кокаин.

Промес беше осуден и на една ипол година затвор поради напад на член на семејството за време на собир.

Засега не е познато дали Промес од Дубаи ќе биде екстрадиран во Холандија или вратен во Русија.