Екс-репрезентативец на Македонија стана директор на Партизан

Ракометниот клуб Партизан вчера го постави поранешниот македонски репрезентативец Ренато Вугринец за спортски директор.

Вугринец имаше големи успеси во кариерата, односно ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) во 2004 година, а потоа со Словенија освои сребро на Европското првенство.

Екс-репрезентативецот на Македонија во кариерата играше и за Магдебург, Хамбург, Сан Антонио, Марибор, Металург, но и за тимови во Катар и Израел.

„Мило ми е што станав дел од семејството на Партизан. Живеам во Белград веќе две години и сите навиваме за клубот“, кажа Вугринец.