Екс-репрезентативка: Нека видат како ни беше со Англија, ајде домаќини сега на скара


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вчера загуби со 0-7 од Англија на „Олд Трафорд“ и тоа беше најубедливиот пораз во историјата на македонскиот фудбал.

Овој резултат досега беше карактеристичен за женската репрезентација, која добиваше многу критики во минатото, па екс-репрезентативката Афродита Салихи им фати сеир на фудбалерите на Благоја Милевски.

„Е, сега нека видат како ни беше на нас жените во Англија. ‘Ни било местото во кујна’. Ајде и вие на скаричка назад и пивце – домаќини“, напиша Салихи.