Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува еден од најдобрите и најдобро упатени италијански новинари, Џанлук Ди Марцио, Елиф Елмас би можел кариерата да ја продолжи во редовите на Наполи.
Според Ди Марцио, Де Лаурентис се сретнал со Карло Анчелоти во домот на тренерот на Наполи и на оваа средба се зборувало за нашиот Елмас. Првите луѓе на клубот од Неапол дискутирале за можноста да го ангажираат талентот кој сезонава собра вкупно 39 натпревари во дресот на Фенербахче.
Во Наполи верувале дека Елмас има потенцијал да го замени Фабијан Руиз во тимот и веројатно ќе тргнат по неговите услуги во летниот преоден рок.
Во јавноста претходно се спомнаа неколку клубови како можна дестинација за Елмас, а најсериозни кандидати се Лацио, Атлетико Мадрид и Зенит.