Ексклузива на „Скај Спортс“ поврзана со иднината на Пјер Емерик Обамејанг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најугледниот англиски медиум „Скај Спортс“ пренесува дека капитенот на Арсенал, Пјер Емерик- Обамејанг донел конечна одлука.

Имено, Габонецот е блиску до потпишување на нов договор со Арсенал откако се согласил да остане во тимот предводен од Микел Артета.

Според новиот договор, Обамејанг би требало да заработува по нешто повеќе од 250.000 фунти неделна плата со што би станал еден од најплатените играчи на клубот.

Претхоно се пишуваше дека тој би можел да си замине од клубот, а интерес за него имаше од Челси,Барселона и Реал Мадрид.