Експеримент на Анчелоти: Белингам ќе игра како напаѓач!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карло Анчелоти заедно со своите фудбалери ги почна подготовките за новата сезона, а Италијанецот веднаш реши да тестира еден експеримент.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти го користел Џуд Белингам како напаѓач на вчерашниот тренинг. Оваа комбинација ја тестирал со тоа што Винисиус Жуниор играл на лево крило, а Брахим Дијаз на десно.

Засега не е познато кој е планот на Анчелоти со тоа што го пуштил Белингам на позицијата на напаѓач, ниту дали ќе го тестира тоа во текот на новата сезона.

Медиумите шпекулираат дека Анчелоти планира да игра следната сезона во формација 4-3-3.