Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Додека Новак Ѓоковиќ се соочува со предизвиците кои носат годините и сè почестите паузи, сè повеќе луѓе забележуваат дека легендарниот Србин повеќе не изгледа физички недопирливо како во првата деценија од кариерата. Ваквиот впечаток дополнително беше зајакнат и на неодамна завршениот Мастерс во Шангај.
Иако повредите и физичките падови во позните играчки години се нормални, еден стручњак за здравјето на спортистите и превенцијата на повредите — Стивен Смит, основач и директор на светски признатата компанија за спортска наука Китман Лабс — тврди дека во случајот со Ѓоковиќ можеби постои и поинаква причина.
– Секако дека сите повреди кои Ѓоковиќ ги доживува се поврзани со неговите “натпреварувачки години” и трошењето на телото низ кариерата, но во неговиот случај постои уште нешто – рече Смит за “Кориере дело Спорт” и додаде:
– Од 2003 до 2023, Новак практично немаше сериозни физички проблеми, што му овозможи неверојатна долготрајност. Но, во последните 18 месеци, беше принуден често да прави паузи и да сè повеќе рационално избира колку турнири ќе игра. Мислам дека понекогаш, периодот за опоравување од повредите води кон намалување на тренажниот товар, а потоа играчот се враќа на теренот и од него се очекува исто ниво како порано, што може да предизвика низа нови повреди.
Интересно е што ваквото мислење произлегува токму во моментот кога многу тенисери и тенисерки — вклучувајќи ги Карлос Алкараз, Ига Швјонтек и Коко Гоф — ја критикуваат густата распоредот и преоптеретеноста со обврзните турнири, сметајќи дека премногу играње води до повреди.