Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Експертите од „Еуроспорт“ – Матс Виландер, Тим Хенман, Лора Робсон и Алекс Кореча – ги споделија своите очекувања за претстојната тениска сезона, при што сите беа едногласни во едно: Новак Ѓоковиќ е способен да освои уште еден Гренд слем трофеј во 2025 година.
Четворката даде разновидни предвидувања и анализи за сезоната, и тоа како во машката, така и во женската конкуренција. Нивните мислења се разликуваа околу тоа кој ќе доминира на Гренд слем турнирите следната година.
Лора Робсон и Тим Хенман се уверени дека Карлос Алкараз ќе има блескава сезона, додека Алекс Кореча предвидува дека Јаник Синер и Алкараз ќе поделат по два Гренд слем трофеи. Матс Виландер, пак, верува дека светскиот број еден, Синер, ќе биде уште поуспешен од Алкараз и ќе го зацврсти своето водство на врвот.
Но, кога станува збор за Новак Ѓоковиќ, сите експерти се согласуваат дека српскиот тениски великан ќе додаде барем уште еден Гренд слем на својата богата колекција во 2025 година.